Од есен во Кичево стартува новата студиска програма – Нутриционизам

Од академската 2013/2014 година, во Кичево стартува новата студиска програма – Нутриционизам, на Технолошко-техничкиот факултет Велес, со Дисперзирани студии во Кичево и Битола.  Отворена за сите со завршено средно образование кои имаат интерес да остварат кариера во областа на нутриционизмот, производството на храна, анализа и контрола на храна и хранливи продукти, здравство и сл.

Од големо значење за Македонија е да добие дипломирани технолози Нутриционисти.  А главна карактеристика на нутриционистите е нивната улога во индустријата за производство на храна и хранителни производи, образованието на општата популација и на специјалните целни групи (бебиња, деца, стари луѓе, спортисти).

Нутриционистите се вклучени и во изготвување и спроведување програми за превенција и сузбивање на болести поврзани со храната и исхраната.

Дипломираните студенти е бидат квалификувани на граѓаните да им препорачаат вид и состав на храна, но и начин на исхрана во зависност од возраста и здравствената состојба.

Exit mobile version