„Од кол на кол“ па в петок и во Кичево

od kol na kol

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп овој петок (5 декември) ќе се претстави пред кичевчани со урнебесната комедија „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски. Претставата ќе се одржи во големата сала на Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин” - Кичево со почеток во 19.00 часот.

Влезот за претставата чини симболични 50 денари, а картите во продажба ќе се најдат во петок од 16:00 до 19:00 часот.

ПрилеппретставатеатарН.У. Центар за култура „Кочо Рацин" - КичевоОд кол на колвојдан чернодрински