Одложен кошаркарскиот турнир во Домот на АРМ

Лошото време беше причина за одложување на Кошаркарскиот турнир кој денес и утре требаше да се одржи во Домот на АРМ во Кичево.

Турнирот сепак ќе се одржи со подобрување на времето и условите на терените во наредните денови. Заинтересираните ќе бидат информирани преку Facebook профилот на Кичевско Огледало. Почетокот на турнирот е од 17 часот.

Турнирот го организира Здружението за развој на граѓанско општество „Инспајр“ (Inspire) Кичево. Првиот турнир беше организиран минатата година.