Распишан оглас за директор на кичевската болница
На сајтот на Владата на Република Македонија објавен е огласот за ангажирање на лица на високи државни раководни позиции и функции.
Во огласот, меѓу другите позиции објавен е оглас за Директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево.
Потребните кфалификации кои треба да ги исполнува кандидатот се: VII/1 степен високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент, најмалку пет години работно искуство и положен испит за директор.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: мотивациско писмо од најмногу 500 зборови во кое задолжително ќе пишува за која позиција кандидатот аплицира, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни, препораки, уверенија за познавање на странски јазик и фотографија, како и пополнета веб апликација која може да се најде на веб страната на Владата на РМ – www.vlada.mk
Документите да се достават заклучно со 31.05.2013 година на адреса:
Влада на Република Македонија
Бул. Илинден бр. 2, 1000 Скопје
Со назнака: Оглас за пројавување интерес за раководни позиции
Апликација можете да превземете од тука.