Ограбена црква во кичевско
Во село Попоец вчера во црквата „Св.Никола“ непознат сторител извршил тешка кражба – информира МВР. При провалата биле одземени околу 1.000 денари во разни апоени.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во рок од една година ограбени се неколку цркви во Кичево: Подвис, Белица, Брждани, соборната црква Свети Петар и Павле и манастирот Света Богородица Пречиста.