Ограбена златарата „Балкан Голд“ во Кичево

Четири маскирани лица вооружени со автоматски пушки, вчера околу 19 часот ја ограбиле златарата „Балкан Голд“ лоцирана на улицата „Александар Македонски“ во Кичево.

Разбојниците, како што информира полицијата, го затекнале сопственикот Талат М.(47) како го собира златниот накит од продажниот пулт и заканувајќи му се одзеле неутврдена количина на злато и златен накит ставајќи го во платнени торби.

Откако го собрале целиот златен накит што бил изложен, четворицата мошне брзо ја напуштиле златарата и со патничко моторно возило со голема брзина го напуштиле местото на настанот.

Полицијата извршила увид и трага по сторителите.

Exit mobile version