Ограбени цркви во кичевско и гостиварско

Ноќта меѓу 14 и 15-ти февруари во село Белица, во црквата „Св.Ѓорѓија“, засега непознат сторител насилно ја отворил влезната  врата и одзел околу 100 денари. Увид на лице место извршила екипа од ПО-Извор.

На 15.02.2013 година во точно неутврдено време во с.Брждани-Кичево, во црквата „Св.Никола“, засега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и одзел околу 1.000 денари. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кичево.

Помеѓу 14 и 15-ти февруари ограбена е и црквата во село Здуње-Гостивар, „Св.Ѓорѓија“. Сторителот насилно ја отворил влезната врата и одзел околу 2.500 денари и 15 шишиња зејтин. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гостивар.

Пред 3 недели мета на крадци беа и манастирот Света Богородица Пречиста и кичевската црква Свети Петар и Павле.

Exit mobile version