Оштетена пругата кај Колари

Непознати сторители помеѓу 24-ти и 27-ми овој месец демотирале делови од железничката пруга на потегот од село Зајас до Тајмиште – јавува кичевската полиција.

Украдени се 500 штрафови за шини, 160 плочки и 20 спојки за шини од помошната линија на челичниот мост во близина на Колари.

На оваа пруга нема железнички сообраќај бидејќи истата се користеше за потребите на рудникот Тајмиште кој сега не работи.

Полицијата извршила увид и презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Exit mobile version