Акцијата „Отворено со катастарот“ идниот месец во Кичево

Агенцијата за катастар на недвижности ги повикува граѓаните на средби со стручни тимови на Агенцијата со цел решавање на нивните проблеми од областа на катастарот, во рамки на акцијата „Отворено со катастарот“.

Дел од активностите на стручните тимови при посетите, ќе бидат насочени и кон поддршка на подрачните одделенија во спроведување на новите проекти на катастарот, како што е дигитализацијата на катастарските планови.

Годинешната акција, што ќе трае пет месеци, ќе почне во подрачното одделение во Битола, со средби со граѓаните од таа општина од 22 до 24 јануари. Од 29 до 31 јануари, акцијата ќе продолжи во Охрид. Акцијата „Отворено со катастарот“ ќе се одржи и на 5, 6 и 7 февруари во скопските општини Карпош и Ѓорче Петров, на 12 и 13 февруари во Куманово, Свети Николе и Пробиштип, на 19 и 20 февруари во Кичево, Крушево и Македонски Брод, на 26, 27 и 28 февруари  во општините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На  5 и 6 март тимовите на Катастарот ќе имаат средби со жителите на Струга и Дебар, на 12, 13 и 14 март во општините Центар, Чаир и Бутел, на 19 и 20 март во Струмица и во Радовиш и на 26 и 27 март во Прилеп, Кавадарци и Неготино.

Во тек на четвртиот месец од акцијата на 2 и 3 април ќе има активности во  Гевгелија и Валандово, на 9 и 10 април во Крива Паланка, Велес и Штип, на 16 и 17 април во Демир Хисар, Кочани, Виница и Ресен, на 23 и 24 април  во Гостивар и Тетово. На 8 и на 9 мај  годинава се планирани средби во подрачните одделенија на катастарот во Берово и во Делчево. Средбите и работните посети во останатите општини и подрачни одделенија на катастарот  ќе се одвиваат од 9 до 18 часот.

 

Exit mobile version