Груевски: Македонија има рецесија на наталитетот

Намалувањето на бројот на новородени деца претставува рецесија на наталитетот, рецесија на нацијата, која е поопасна рецесија од онаа со која денес се соочуваме во економијата.

Ова во неделата го истакна премиерот Никола Груевски при обраќањето пред бизнис заедницата и претставниците на стопанските комори, нагласувајќи дека тие како влада преземаат одредени мерки за зголемување на бројот на родени деца, но дека проблемот пред се е во свеста на луѓето, а тоа тешко се менува.

Популацијата во Македонија од година во година опаѓа. Во 1950-та година биле родени 50 илјади деца во Македонина, во 1960-та биле родени 42 илјади деца, во 1970-та 37 илади деца. Трендот на намалување на бројот на родени продолжува да опаѓа. Во 2000-та се родиле 29 илјади деца а во 2010-та 22 илјади деца.

– Значи во 1950-та 50 илјади деца, а во 2010-та 22 илјади деца, повеќе од дупло помалку.Вие знаете дека една економија ја сочинуваат луѓето, и дека нема економија без луѓе. Ако нема луѓе, нема ни продажба, ни интерес од инвеститори, ниту сериозен раст на економијата. Проблемот не е само во сиромаштијата, затоа што ако направите една математика за Вас присутните тука менаџери и газди на компании, и тоа кој е вашиот просек на деца, и кај повозрасните од вас, кој е просекот кај Вашите деца да имаат деца,ќе сфатите дека проблемот е многу поголем одколку невработеноста и сиромаштијата, бидејки во оваа сала нема сиромашни или невработени луѓе. Проблемот е и европски и ги оптеретува најбогатите земји на европа, како Германија, Франција и другите, кои засега проблемот го решаваат со увоз на економски емигранти од Африка, Азија, и источна Европа. Ние како влада превземаме одредени мерки, но проблемот е во свеста на луѓето а тоа тешко се менува, изјави премиерот Груевски.

Груевски овој проблем го опиша  како на сериозна рецесија на новородени деца, рецесија на наталитетот, рецесија на нацијата, која е поопасна рецесија од онаа со која денес се соочуваме во економијата.

– Размислете подлабоко за ова, и да се обидеме сите заедно во земјата во наредниот период да отвориме јавна дебата по ова прашање, порача премиерот Груевски.

Exit mobile version