Се продава островот од Џон Ленон

Ирскиот остров , кој некогаш му припаѓаше на Џон Ленон, е ставен на продажба.

Островот со големина од 12 фудбалски игралишта на западниот ирски брег, на кој престојуваат само животни, се продава за 300 илјади евра, 45 години откако го купи познатиот член на Битлси.

Кусо пред да биде убиен во 1980 година, Ленон изјави дека сака да изгради куќа на островот. Неговата сопруга Јоко Оно во 1984 година го продаде островот на локалните фармери, а тие сега го продаваат бидејќи им е тешко да го одржуваат.

Ленон во 1967 година го купил островот за околу 2.100 евра.