Грците ќе си ги изнајмуваат островите

Некако мрдна работава со недвижнините :). Откако му го продаваат островот на Џон Ленон, еве, јужниот сосед сега изнајмува острови.

Вкупно 40 ненаселени грчки острови ќе бидат дадени под наем со цел да се соберат средства за државниот буџет, соопшти денеска Фондот за приватизација.

Островите прво ќе им бидат понудени за изнајмување на приватни лица или компании за туризам за период од 50 години, јави дописникот на МИА од Атина.

Програмата за давање под наем на грчките острови е дел од напорите да се соберат 19 милијарди евра преку продажба на грчки имот до 2015 година и 50 милијарди до 2020 година со цел да се обезбедат 240 милијарди евра странска помош.

Досега се собрани 1,8 милијарди што предизвика загриженост дека фондот нема да биде во можност да ги постигне поставените цели.

Израелската Влада пројави интерес за грчки остров кој би го користела за воена обука, но подоцна се откажа од идејата поради тоа што зделката била прескапа, пишува израелскиот весник „Хаарец“.

Продажба на грчките острови не е можна затоа што е забранета со закон и нема да донесе поголем профит од изнајмувањето.

Exit mobile version