Обама до Ердоган: HELP!

Американскиот претседател Барак Обама упатил приватна молба до турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да помогне за прекин на насилствата по нападите врз американските дипломатски претставништва во Египет и Либија, изјави за Анадолија портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни. 

Тој наведе дека Обама имал телефонски разговор со лидери од регионот меѓу кои и со претседателите на Египет и Либија.

– Претседателот на САД упати лична порака до турскиот премиер за помош и негови политички акции против насилствата, изјави Карни. Тој вели дека Обама високо ги цени реакциите на Ердоган и изјавите на политичарите во регионот против насилствата.

Exit mobile version