Земјотрес во Јужна Турција

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтер е регистриран денеска во реонот на Козан, во округот Адана во Јужна Турција, јави турската телевизија CNN-Turk.

Земјотресот бил на длабочина од 18,5 километри под земјината површина. Епицентарот на потресот бил во реонот на селото Гнери, се наведува во соопштението на истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили.

Нема информации за предизвикана материјална штета и евентуални човечки жртви.