Милан се избрука на Сан Сиро, резултати Серија А

Екипата на Аталанта ја постигна првата победа во Италијанското фудблско првенство, откако синоќа на „Сан Сиро“ во Милано го совлада Милан со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Лука Цигарини во 64. минута. За Милан ова беше втор пораз во исто толку одиграни натпревари на домашен терен.

На вториот натпревар од 3.коло во Серија А одигран вчера, Палермо и Каљари одиграа нерешено 1:1.

Резултати на денешните натпревари од Италијанското фудбалско првенство: Рома – Болоња 2:3, Џенова – Јувентус 1:3, Наполи – Парма 3:1, Пескара – Сампдорија 2:3, Сиена – Удинезе 2:2, Фиорентина – Катанија 2:0 и Киево – Лацио 1:3.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со средбата Торино – Интер.

Табела: Јувентус 9 бодови, Наполи 9, Лацио 9, Сампдорија 8, Фиорентина 6

Exit mobile version