„Барајќи го човекот“ – краткометражно кичевско филмче
Авторот на овој текст случајно налета на снимањето на една сцена и морам да признаам дека беше кул. Интересна мешавина на костими, сценарио и ентузијазам. Несекојдневно за Кичево. И кај нас се може.
Многу го сакам токму таквиот ентузијазам. Поместува граници и урива предрасуди. Се надевам ќе стане навика. Филмчето е на пост-продукција. Им посакувам скора премиера и успех.