ИКЕА доаѓа во Македонија

Шведскиот бренд за мебел, ИКЕА пристигнува во Македонија, јави Македонската Радио-Телевизија. Преку влезот на турската компанија Туркмол во Скопски саем се отвора можноста овој атрактивен бренд за кој концернот е застапник во повеќе земји во Европа и во Азија да биде присутен и кај нас.

Најавениот влез на турската компанија  во Скопски саем ја отвора можноста овој атрактивен бренд за кој концернот е застапник во повеќе земји во Европа и во Азија да биде присутен и кај нас, објави МТВ.

– Просторот одамна е заграден, а ЕРА и Скопски саем работеа интензивно на комплетирање на инфраструктурата која што треба да опслужува градежен простор од околу 160.000 метри квадратни. Биле инвестирани повеќе од 5.5 милиони евра, јавува МТВ.

ИКЕА е присутна во 26 земји. Позната е по дизајнот и многу повеќе по невообичаено ниските цени на некои производи. Најблиските продавници досега беа во Солун и Софија. Наскоро и на Скопски саем.

Exit mobile version