Напредок поразен во Скопје

Екипата на кичевски Напредок беше поразена на гостувањето во Скопје против Металург со 3:2. По одличната игра и победата против Шкендија минатиот викенд, нашиот тим не успеа да се спротивстави на тимот на Металург кој е бледа сенка на она што беше минатата сезона. По овој пораз Напредок е 6-ти со 10 бодови.

Стрелци на головите за екипата на Напредок беа Жарко Симјановски во 81.та и Кустрим Балажи од пенал во 90.та минута.
Головите за Металург ги постигнаа Миле Крстев во 45.та, Цветан Чурлинов во 56.та и Љубомир Стевановиќ во 86.та минута.

Табела: Вардар 15 бодови, Хоризонт Турново 14, Металург 12, Ренова 11, Работнички 10, Напредок 10, Шкендија 8, Дрита 8, Пелистер 7, Брегалница 7, Силекс 3 и Тетекс 3.