Комплетирано 5.коло во Примера

Натпреварот од 5. коло од Примера Дивизија меѓу Рајо Ваљекано и Реал Мадрид што требаше да се одигра синоќа е одложен за вечерва во 20 часот. Според информацијата од претседателот на домаќинот, непознати сторили исекле дел од каблите на стадионот и оневозможија натпреварот да се одигра, бидејќи голем дел од рефлекторите не беа во употреба.

Вечерва се игра и натпреварот Депортиво Ла Коруња – Севиља.

На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати: Атлетико Билбао – Малага 0:0, Атлетико Мадрид – Ваљадолид 2:1, Леванте – Реал Сосиедад 2:1, Мајорка – Валенсија 2:0, Барселона – Гранада 2:0, Бетис – Еспањол 1:0, Селта – Хетафе 2:1 и Сарагоса – Осасуна 3:1.

Exit mobile version