Комплетирано 4. коло во Бундес лигата

Во четвртиот круг од Германскиот фудбалски шампионат вечерва се одиграа последните два натпревара, а првите три бодови, односно првата победа ја оствари тимот на Хофенхајм, кој на свој терен со 3:1 го порази Хановер.

На втората вечерашна средба од 4.коло, Вердер во Бремен и покрај водството од 2:0 со Борусија Дортмунд, одигра нерешено 2:2, во натпревар кој двете екипи завршија со играч помалку поради црвените картони на Мартин Харник кај гостите (88 минута) и Асани Лукимиа – Мулонготи кај Вердер (90 минута).

Нерешено заврши и првиот денешен дуел во кој Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах одиграа 1:1.

Резултати постигнати на вчерашните натпревари од ова коло во Бунес лигата: Фортуна – Фрајбург 0:0, Мајнц – Аугсбург 2:0,  Шалке – Баерн Минхен 0:2, Волфсбург – Гројтер Фурт 1:1 и Хамбургер – Борусија Дортмунд 3:2.

Во петокот Нирнберг – Ајнтрахт 1:2.