Лозано – најгледан на YouTube

Влатко Лозаноски е еден од најгледаните македонски пејачи на YouTube. Неговите најнови спотови од албумот „Преку Седум Мориња“ ближат еден милион гледања.

Видеото за нумерата „Кога мене ќе ме немаш“ е прегледано дури 944,291 пати.

По него е летниот хит „Нема Ден, Нема Ноќ“ кој за само пет месеци постигна гледаност од 847,061 пати.

Третото најгледано видео е за големиот хит „Сонце не ме грее“ кој е прегледан 779,443 пати.

Дарбата и квалитетот кој ги поседува Влатко Лозаноски го лансираа како една од најквалитетните и најбараните ѕвезди на македонската естрада. Ја има поддршката од родното Кичево!

Exit mobile version