Крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Интернационалниот фан клуб на Тоше Проески во соработка со Црвениот Крст на град Скопје поддржани од Фондација Тодор Проески, организираат крводарителска акција под мотото: „Јас штотуку спасив живот, а Вие? Дарувај капка крв, дарувај живот“.

Крводарителската акција ќе се одржи на 5.октомври во Домот на АРМ во Скопје и ќе трае цел ден, од 10.00 до 18.00 часот.

Тоше Проески беше голем хуманист и често пати учествуваше на вакви акции, со тоа придонесувајќи на подигање на свеста за дарувањето крв.

FB настан, тука.