Катастрофални податоци за загадувањето на реката Темница

Шест пати повисокото ниво на амонијак и дури педесет и четири пати на фосфорот! Ова се резултатите од испитувањето на квалитетот на водата по последниот помор на риба на 11 септември 2012 во кој угинаа 5 тони риба.

Како причина се наведува човековото невнимание, наведуваат од Државниот инспекторат за животна средина. Поради тоа ќе бидат поднесени кривични пријави за непознато лице врз основа на законот за животна средина и за води. Висината на казната се движи од 6000 до 100 000 евра.

Надлежните засега неможат да утврдат кој е одговорен за последниот помор бидејќи дождот кој паднал тие денови го донел загадениот материјал преку фекалните води директно во реките по што настанало угинувањето на рибата.

Како решение за проблемот се наведува поставување на колекторски системи за прочистување на фекалните води. Но покрај ова треба и дислокација на депонијата но и одговорно однесување на самите граѓани.

Со цел подигање на јавната свест за овој горлив проблем во Кичево изминатиот период се одржуваат трибини и изложби на кои се презентирани опасностите по животната средина и човековото здравје кои произлегуваат од загадувањето на кичевските реки. Во контекст на ова изработен е и посебен извештај за состојбата на Македонската Пастрмка (Salmo Macedonicus) во горното течение на реката Треска

Exit mobile version