Научниците потврдија: Будистичкиот „Железен човек“ oткриен од нацистите доаѓа од Вселената

Научниците потврдија дека „Железниот човек“, кого нацистите го пронајдоа на Тибет во 1938 година доаѓа од Вселената, пишува списанието „Метеоритикс енд планетари сајнс“.

Тимот нацистички археолози го пронајдоа „Железниот човек“ непосредно пред почетокот на Втората светска војна, а станува збор за скулптура на маж со оклоп, на чие гради се наоѓа превртен кукаст крст.

Научниците тврдат дека станува збор за будистичкиот бог Ваишравану и оти потекнува од 11.век. Меѓутоа за вистинското потекло на скулптурата нема многу информации.

Научниците од Штутгартскиот универзитет тврдат со сигурност дека станува збор за материјал кој доаѓа од Вселената, бидејќи скулптурата е изработена од метеорит и е единствена статуа изработена од тој материја. Анализата покажала дека е изработена од железен метеорит, кој содржи железо, никел, кобалт, хром, галиум и германиум.

Секако податокот дека станува збор за статуа од Вселената не треба да се сфати буквално, бидејќи станува збор за железен метеорит Чинг, чии парчиња се распрскани на подрачјето на источен Сибир и Монголија, а Чинг е еден од 113 железни метеорити пронајдени на земјата.

Сепак не се знае зошто нацистите ја однеле скулптурата во Германија, но се претпоставува дека ги провлекла мистиката, која го опкружува предметот, кукастиот кртс кој се наоѓа на него, но и фактот дека Адолф Хитлер и неговите соработници биле опседнати со окултизам.