ВИДЕО: Монети од Александар Македонски пронајдени во Бугарија

Бугарските археолози открија богата остава  со монети со ликот на македонскиот крал Александар III Македонски. Оставата била откриена на локалитет во близина на Црното Море.

Во садот има повеќе од 200 монети и се повеќе од четири килограми тешки. Раководителот на истражувањето Даниела Агре вели дека монетите се во прилично добра состојба и дека потекнуваат од вториот век пред Исус Христос.

Според Агре, садот бил пронајден во близина на остатоците од тврдината на тракискиот велмож , која е откриена во 2006 година.

Засега е познато само дека на монетите е присутен ликот на Александар Македонски.

Ова досега е најголемо количество на антички монети пронајдени на територијата на Бугарија. Засега не се знае нивната вредност, но се претпоставува дека се работи за непроценливо богатство.