Имотен лист ќе издава општината, геодет или нотар

 

Со децентрализацијата на Катастарот која ја спроведува Агенцијата на Катастар за недвижности, општините, нотарите и приватните геодетски фирми ќе добијат овластување на граѓаните да им издаваат имотни листови.

Новиот Директор на Агенцијата за катастар, Славче Трпески денес истакна дека покрај 29-те подрачни одделенија на кои може да се извади имотен лист, со децентрализацијата ќе се отворат уште околу 400 шалтери кои ќе бидат во корист на граѓаните.

По завршеното тестирање и промоција на проектот кој се очекува да биде за две недели, Агенцијата ќе склучи договори, по што општините, нотарите и приватните геодетски фирми за 125 денари плус 50 денари такса ќе можат да извадат имотен лист.