Вечерва второ коло на Лигата на шампионите

На осум стадиони вечерва ќе се одиграат првите натпревари од 2. коло од Лигата на шампионите на УЕФА.

Првиот дуел се игра во Москва меѓу Спартак и Селтик. Почетокот е во 18 часот, а покрај овој дуел во терминот од 20:45 часот од групата Г играат Бенфика и Барселона.

На табелата Барселона има 3 бодови, пред Бенфика и Селтик кои имаат по 1, а Спартак нема бод.

Преглед на другите натпревари по групи:

Е група: Јувентус – Шахтјор и Нордсјеланд – Челзи.
Табела: Шахтјор 3, Челзи 1, Јувентус 1, Нордсјеланд 0.

Ф група: БАТЕ Борисов – Баерн и Валенсија – Лил.
Табела: БАТЕ Борисов 3, Баерн 3, Валенсија 0, Лил 0.

Х група: Клуж – Манчестер Јунајтед и Галатасарај – Брага.
Табела: Клуж 3, Манчестер Јунајтед 3, Галатасарај 0, Брага 0.

Утре се играат другите осум натпревари:

А група: Порто – ПСЖ и Динамо Киев – Динамо Загреб
Табела: ПСЖ 3, Порто 3, Динамо Загреб 0, Динамо Киев 0.

Б група: Шалке – Монпеље и Арсенал – Олимпијакос.
Табела: Арсенал 3, Шалке 3, Монпеље 0, Олимпијакос 0.

Ц група: Андерлехт – Малага и Зенит – Милан.
Табела: Малага 3, Андерлехт 1, Милан 1, Зенит 0.

Д група: Ајакс – Реал Мадрид и Манчестер Сити – Борусија Дортмунд.
Табела: Реал Мадрид 3, Борусија Дортмунд 3, Ајакс 0, Манчестер Сити 0.