„Ве сакам сите!“

Пред 5 години на овој ден за последен пат Тоше Проески призна на сите дека ги сака. На 5 октомври 2007 година го одржа последниот концерт. Хуманитарен концерт. И тогаш, како и денес беше петок. Поминаа 5 години, а како вчера да беше. Каде и да сме, вечерва да му кажеме дека и ние го сакаме!