Утре Напредок му гостува на Работнички

Екипата на Напредок, во рамките на 9. коло од ПМФЛ, утре ќе игра на арената Филип Втори против екипата на Работнички. Моментално Напредок е на петтата позиција со 13 бодови и во најдобар случај, со победа може да се искачи на третото место доколку Вардар во Тетово ја повеби Шкендија, а Металург не успее да ја совлада екипата на Ренова. Во секој случај атакуваме на трите бода.

Натпреварот почнува во 15:00 часот. Директни вклучувања од овој и преосанатите натпревари ќе има во спортската емисија на МТВ1.

Во останатите утакмици се среќаваат: Шкeндијa -Вардар, Металург – Ренова, Силекс – Хоризонт Турново, Брегалница 2008 – Тетекс и Пелистер – Дрита.