Ужасна сообраќајка!!!

Како ли тргнавме за да стигнеме до „Долина на волците“, „Ифет“, „Зет Домазет“, „Бурни времиња“, „Под сенката на врбите“, „Солзи“, „1001 ноќ“, „Кога лисјата паѓаат“… и уште многу прикажани и сеуште неприкажани „хитови“ на нашите најгледани и помалку најгледани телевизии. Мислите дека сте првите жртви? Грешите. Нашите мајки и татковци во ерата на видеотеките беа најпрвите.

PS – Сител или Канал 5 да го побараат овој филм исполнет со многу солзи, интриги, забранета љубов, тага, умирачки, кршење коски, летање глави… кој гарант бил голем хит на времето. Може и симултано да го емитуваат.

PPS – Се молат сите гледачи од Долина на волците до Зет Домазет кои се со послаби нерви да не го гледаат видеото поради екстремно вознемирувачки снимки.

PPPS – Драган Вучиќ да испие уште едно турско кафе со главниот лик (доколку ја преживеал сообраќајката)

Exit mobile version