Обука за добро владеење во областа на животната средина

Претходната недела во Кичево се одржа обука за добро владеење во областа на животната средина на локално ниво и развивање социјални маркетнинг кампањи за млади во енергетска ефикасност. Целта беше учесниците да се запознаат со пристапот и алатките за развивање на социјална маркетинг кампања преку интерактивни методи на учење низ работа.

Во рамките на Регионалниот проект на УНДП „Размислувај глобално-Развивај локално“, а во партнерство со единиците на локалната самоуправа Кичево и Осломеј ќе се развие и спроведе социјална маркетинг кампања, наменета за младата популација со цел подигнување на нивната свест и однесување во однос на климатските промени со посебен осврт на енергетската ефикасност. Кампањата ќе се спроведе во периодот од следниот месец – ноември па ќе биде се до крајот на декември.