Кичевчанецот поради кого користите Facebook на Македонски

Барем еднаш сте се запрашале кој го превел Facebook на Македонски јазик? Некој што работи во компанијата? Мора добро да заработува. Или не баш. Всушност преведува за лична сатисфакција, комплетно без пари и е од Кичево. Кичевчанецот Тино Алексов!

Пред неколку денови одбележа вкупно 6135 преводи на термини на Македонски јазик кои ги користи Facebook и моментално е втор по бројот на преводи.

Благодарение на луѓето како Тино, Facebook е достапен за многу лица кои не разбираа странски јазик (особено постарите генерации) или користеа некој друг јазик кој е лесно разбирлив за нас. Ама не е Македонски. Секој од нас може да преведува термини, проверете во опциите за вашиот профил.

Секоја чест за ентузијазмот, Тино. Тоа се тие „мали нешта“ кои го прават светот подобар. Се читаме на 10 000 преводи и првото место!