Прекин на водоснабдувањето во дел од населба Иванидол
ЈП Комуналец од Кичево ги известува граѓаните кои живеат на улиците „Питу Гули“ дел од ул.„Тренко Тасески“ (Панорама) и дел од под Крушино дека од среда на 24 октомври 2012 па се до 26 октомври 2012 ќе има прекин во водоснабдувањето поради пуштање во употреба на новата водоводна линија.
Се апелира на разбирање и се молат граѓаните да се обезбедат со неопходните резерви на вода.