ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ координатор на европски проект

Проектот на ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Кичево е еден од 44-те наградени од Академијата на основни и средни училишта во Европа (ACES). Овој проект ќе се реализира во претстојната учебна година од страна на „К.Ј. Питу“-Кичево како координатор на проектот, а ќе биде во соработка со училиштата „Свети Сава“ од Србија и „Бјелица“ од Хрватска.
– Во следната учебна година нашето училиште, како координатор на проектот, ќе биде домаќин на учениците и на наставниците од Србија и од Хрватска, со кои ќе го реализираме проектот „Заедно ја избираме, креираме и ја создаваме нашата иднина“. Во првата фаза главна цел е едукација на учениците за медиумска комуникација, што е од исклучителна важност за европеизација на нашите ученици – информира Валентина Лазареска, заменик-директорка во оваа осмолетка.
Инаку, мрежата  е основана во 2006 година и главна цел е да ја унапреди соработката меѓу училиштата на Стариот континент. На тој начин да се развие мрежа на заедничко учење и иновации, што нуди практични можности за соработка и размена на младите од целиот континент.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија