„Барајќи го човекот“ со премиера во ноември

„Барајќи го човекот“, првиот филм на Благоја Наумоски-Бане, ликовен уметник од Кичево, својата премиера ќе ја доживее во почетокот на идниот месец во Скопје

Овој краткометражен филм во траење од 14 минути се снимаше во август и септември на повеќе локации во Кичево, а во најголем дел на Китиното кале.

Наумоски сака во својот филм да го претстави младиот човек на денешнината, кој незадоволен од општеството, од начинот на водење на целокупниот систем, се решава на сосема необичен чекор, а тоа е пронаоѓање на вистинскиот човек, како што тоа пред многу векови го правел Диоген.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version