Што ти е среќа: го оставила девојката, па добил 30 милиони долари

Сандип „Сани“ Синг (22), е скромно момче од Масачусетс, кој преку ноќ станал милионер.

Тој освоил 30.5 милиони американски долари на лоз за гребење, само еден ден откако го оставила девојката.

На среќното момче добитниот лоз  му го купила сестрата која повеќе нема да го гледа како пати. Сандип Синг имал доста тежо живот.

Откако му починал татко му, морал да прекине со студиите и да се вработи на две места во исто време и да работи 16 часа дневно за да и помогне на мајка му да ги плаќа сметките и да ја отплаќа хипотеката на куќата.

„Тоа е првото нешто што ќе го направам со парите, ќе ја отплатам хипотеката за мајка ми повеќе да не се грижам, вели тој.

Синг додава дека во овој момент не знае што ќе прави со остатокот од парите, но најверојатно ќе продолжи со студиите кои морал да ги откаже поради смртта на неговиот татко.