Се гради спортско игралиште во населбата Горица

Современ спортски терен ќе никне во населбата Горица. Инвеститор е Општина Кичево. Градежните работи се започнати од пред неколку денови. Досега во оваа намена немало спортско игралиште и ова ќе биде првиот терен.

Во последните неколку години во Кичево се изградија неколку современи спортски терени на кои се игра и дење и ноќе. Инвеститори се и општината и Агенцијата за Млади и спорт но и приватни инвеститори. Наредната година ќе бидат готови и два современи тениски терени кои можат да се користат 24 часа.

Exit mobile version