Напредок пред тежок меч во Турново

По двонеделна пауза, поради настапите на националната селекција, продолжуваат возбудувањата во нашата Прва лига.Во ова првенствено коло својот прв годинешен дуел ќе го имаат екипите на Турново и Напредок, најпријатните изненадувања сезонава.

Напредок по триумфот над Работнички во Скопје изминатиот викенд, со голема самодоверба патува на крајниот југо-исток од земјава.Сино белите речиси да немаат поголеми проблеми околу играчкиот соства и затоа оптимизмот е нешто поизразен за разлика од претходните гостувања.

-Во деветте изминати кола Турново покажа дека оваа сезона е рамо до рамо со најсилните екипи во лигата.Имаат вонсериска тројка во нападот и навистина ќе биде многу тешко да се собре триото Блажески,Балдовалиев и Петкоски.Ние по традиција добро играме на овој терен,очекувам и овој пат да ја продолжиме таа традиција . Ако го сопреме ударното трио, тогаш шансите непоразени да го напуштиме Турново се многу поголеми-рече Драган Бочески, тренерот на Напредок која на ова гостување не може да смета на напаѓачот Клечкароски( има ишијас), додека останатите фубалери со нетрпение го очекуваат последното гостување од првиот круг.

Дека Напредок сериозно го сфатил овој меч зборува и фактот што сино белите ден порано патуваат за Турново а ќе бидат сместени во мотелот Истатов во Дојран.

Зоран Антоски