Студентскиот дом Гоце Делчев нападнат со молотови коктели

Четири молотови коктели утринава околу 5 часот биле фрлени кон студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, јавува Курир. Нема повредени.

Според првичните полициски информации, непознати лица дошле со автомобил и фрлиле три молотови коктели во дворот на студентскиот дом и еден на тераса од соба.

Два од фрлените молотови коктели во дворот се запалиле, но по кратко време биле изгаснати од студентите.

Полицијата извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Во студентскиот дом Гоце Делчев се сместени неколку десетини студенти од Кичево.