Нова социјална мрежа претендира да ги загрози Facebook и Twitter
Фид (https://www.pheed.com/) е новата социјална мрежа која најави дека ќе ги „реши“ недостатоците кои им пречат на корисниците на Facebook и Twitter.
Создавачите на Фид во првите неколку дена од постоењето успеале да соберат повеќе од 350.000 членови.
Концептот е едноставен бидејќи Фид им овозможува на корисниците да ги делат сите видови на дигиталната содржина, вклучувајќи ги текстот, фотографиите, аудио и видео содржините. Секој корисник е сопственик на се што ќе подели на Фид и може да постави цена на прегледите на некоја содржина меѓу 1,99 и 24,99 долари.
Креаторите на оваа социјална мрежа сметаат дека и за нив има простор на пазарот, бидејќи сметаат дека „корисниците на Твитер се ограничени, а луѓето на Фејсбук се досадуваат“. Корисниците имаат опција да ја делат содржината бесплатно или со плаќање. Заработувачката на Фид е половина од вкупниот промет.
Тие тргнале од идејата дека корисниците, доколку прегледот на содржината се наплатува, ќе мораат да ја делат секоја квалитетна содржина.
Меѓу познатите личности кои веќе отвориле профил на Фид се и Ешли Тисдејл, Дејвид Гета, Парис Хилтон и Крис Браун.
Кој се одлучи да се приклучи и ние сме таму: https://www.pheed.com/Kicevo