ДУИ нема да кандидира кандидат за градоначалник на Кичево?

ДУИ нема да кандидира свој кандидат за градоначалник за Кичево на локалните избори догодина, пренесе пред малку телевизијата Канал 5 повикувајќи се на висок функционер на партијата.

Според него, ДУИ својата поддрка ќе му ја даде на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај Кичево, интегративците ќе ги поддржат кандидатите за градоначалници на нивниот коалициски партнер ВМРО- ДПМНЕ и за Скопје, Охрид и Битола.

Ова е засега непотврдена информација, а самата партија засега нема излезено во јавност со официјален став околу ова прашање.

Лидерот на ДУИ пред неколку месеци изјави дека ДУИ ќе се трка за Кичево.