Честит Курбан Бајрам

Курбан Бајрам Мубарек Олсун – Честит празник Курбан Бајрам на сите сограѓани од муслиманска вероисповед.

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Бог муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетирана светата книга на муслиманите – Куран.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод Курбан Бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници:

– „Овој празник ги повикува сите верници да бидат разумни, го одразува нивното искрено враќање кон начелата на Исламската вера, да култивираат хумани, и човечки вредности спрема сите, со посебен акцент, кон најблиските, соседите и сите оние што имаат потреба. Нашето општество денес, повеќе од кога било до сега, има потреба да му се обрати на Бог, да се врати кон верувањето и варата, затоа што, небрежноста и запоставувањето на Божествените учења, со сигурност не доведуваат до загуба и дегенерација на општествените и човекови вредности во целост.  Празникот на Курбан Бајрам, на симболичен начин, ја претставува жртвата, односно Курбанот, всушност чин, кој во себе содржи возвишени значења и сеопфатни позитивни ефекти. Ја претставува жртвата за возвишени цели, посветеноста кон идеалите, и постигнувањето на постојано задоволство кај Создателот на универзумот.

Овој празник, се поврзува со неколку процеси, кои, гледано од аспект на Исламска гледна точка, имаат посебно значење: се поврзува со извршување на петтиот услов на Исламската вера –  Хаџот, кој собира милиони муслимани од сите земји на светот на едно место, на светата земја Арефат, чии што дел, се и хаџиите на нашата земја, каде што сите обединети, со мноштво молитви му се обраќаат на Создателот на Универзумот. Се поврзува со еден настан од пред нашата ера, всушност, со возвишеното дело на Ибрахим алејхи-селам, кој, заради Ал-лах џеле-шануху, сакаше да го жртвува неговиот син Исмаил алејхи-селам. Во меѓувреме, се поврзува и со завршувањето на објавата, на чесниот Кур’ан, последната света книга.  Овој празник, го претставува Исламскиот концепт за единството, кој треба да биде функционален, односно, и практично да се докаже во секојдневниот живот, да се манифестира на секаде каде живеат и делуваат муслиманите. Во меѓувреме, континуирано ја мотивира сензибилизацијата, за унифицирање на ставовите, во соочувањето со предизвици, и за умно и мудро решавање на евентуалните контексти, во духот, на толеранцијата и Исламските начела.

На крај, овој празник, нека биде еден мотив повеќе, да богатите ги усреќат сиромашните, оние што немаат и сираците, секако нека биде и мотив повеќе, за пружање на раката на помирување, како и за взаемни посети на блиските и пријателите“, се вели во бајрамската порака на поглаварот на ИВЗ.

Првиот ден на Курбан Бајрам, 25 октомври, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Exit mobile version