Помогнете и на малата Јована
На Јована Ѓоргиев од Битола која има само 1 година и 8 месеци потребна и е помош. Таа не може да оди и да зборува, дијагностицирана и е (церебрална парализа) и West Syndrome ( редок епилептичен синдром ).
Нападите се резистентни на терапија и неможат да се лечат во Македонија. Затоа и е потребно итно лекување во Истанбул, Турција за кое ние како родители немаме доволно средства.
Сајтот Донации ја објави оваа сторија и ги пренесе зборовите на родителите на девојчето:
Ве замолуваме да ни помогнете да ги собериме тие средства со донација на следната жиро сметка:
Јована Ѓоргиев
Тутунска Банка
210 700000 6021 18
Донација за лекување