Канонизирани 40-те битолски маченици
„Македонскиот народ одсекогаш својата вера во Господ ја докажувал со истрајност и жртви како овие 40 битолски маченици.”-вели архиепископот Г.Г. Стефан.
„Света војна на доброто против злото, не со физички војни, не со боеви муниции, туку со сечилото на зборот, на доброто. И сето тоа да биде со добри намери и со добри цели, за доброто на целиот народ, не двоиме религија, народи, народност, туку исклучиво да објавиме војна против злото. Само така сите кризи можеме да ги надминиме – изјави владиката Петар.
Светите 40 битолски маченици се 39 монаси кои го бодреле населението да издржи во опсадата и подоцна во маките по освојувањето на Битола од страна на Османлиската војска и 1 Турчин кој преведувајќи ги зборовите на монасите ја примил Православната вера па подоцна и тој настрадал.
На 9 март 1385 година на сите им биле отсечени главите на Баирскиот рид во близина на Битола и нивните тела биле расфрлани по планината Баба за да им се изгуби трагата и сеќевањето и влијанието кое го имале кај битолчани.
Но народот го зачувал споменот и на местото каде биле погубени изградил црква кое го носи името Свети 40 маченици.
На 2 август, Илинден, во манастирот Света Богородица Пречиста беа канонизирани Светите Пречистански Маченици, Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј.