Некомплетниот Напредок попладнево ја пречекува Ренова

Некомплетниот Напредок без тројца важни фудбалери во својот состав, го пречекува „ранетиот лав” од Џепчиште.По овој натпревар и фактички може да се добие и одговор на прашањето, дали Напредок и објективно ја наметнува својата кандидатура за излез на евро сцената.

Сино белите на овој можеби најважен дуел есенва, ќе настапат играчки ослабени без страничните играчи Најдоски и Степаноски, кои се жалат на повреди и капитенот Симјаноски кој нема да настапи поради пет жолти картони.Не треба да се зборува каков хендикеп за домаќините претставува отсуството на оваа тројка.

Бочески уште по натпреварот со Тетекс бараше алтернации за отсутните фудбалери, а се чини најмногу ќе му недостига креаторот на играта Симјаноски.

-Кого нема без него се мора.Овој пат непланирано отпадна и Симјаноски, со што хендикепот на нашата екипа двојно се зголеми.Ќ е се обидеме како и на претходниот првенствен натпревар да најдеме соодветни замени, макар што за оваа тројка тешко е да се најдат вистински алтернативи.Екипата на Ренова е искусен и квалитетен состав кој игра поденакво квалитетно како дома исто така и надвор.Повеќе од сигурен сум дека гипсарите според играчкиот состав, заслужуваат многу подобар пласман на табелата.На денешниот меч наша првенствена цел е да го одбраниме сопствениот гол и ако се укаже и најмала прилика за победа, сигурно нема да ја пропуштиме-рече Драган Бочески ,тренерот на Напредок.

Најверојатен состав:Пашоски, Михајлоски,Балажи,Никанчески,Велјаноски,Маркоски, Костенцоски,Петрески,Вренцоски,Цветаноски и Симоноски.

Мечот во Кичево започнува во 13 часот а правдата ќе ја дели езерска четворка, на чело со Марјан Маркоски од Охрид.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk