Значајна победа на Напредок. Падна и Ренова, одиме на Вардар!

Со головите на Балажи (51′) и Вренцоски (85′) Напредок ја совлада екипата на Ренова и прокнижи три значајни бодови кои го носат се поблиску до излез во европските купови. Во моментот Напредок е на четвртата позиција, зад Турново.

По денешното коло Вардар го презеде првото место од Турново, по победата од 0:2 на гости против Работнички и 24 бодови на табелата. Второпласирана е екипата на Шкендија со ист број бодови, а трета е екипата на Турново со 23 бода. Напредок е на четвртото место со 22 бода, 2 бода помалку од првопласираниот Вардар.

Напредок му гостува на Вардар во недела во 13 часот и тоа може да биде натпревар на кој можеме да се искачиме на првото место во ПМФЛ, со оглед на тоа што во исто време во Тетово се игра дербито Шкендија – Турново. Во првиот натпревар со Вардар оваа сезона Напредок однесе минимална победа (види: Напредок го совлада Вардар). Покрај Вардар, во Кичево во брилијантен натпревар Напредок ја порази и Шкендија и тоа со два играчи помалку (види: Напредок – Шкендија 3:1 и тоа со два црвени картони; ВИДЕО: Гол и еуфорија на натпреварот Напредок – Шкендија).

Ќе биде интересно во недела! Многу сила и среќа момци, се гордееме со вас!

Приклучете се на фан страницата на ФК Напредок: http://www.facebook.com/fk.napredok