Човек во својот живот

Човек нема време во својот живот
да има време за сè.
Нема доволно сезони за да има
сезона за секоја цел. Свештениците
грешеа во врска со тоа.

Човек треба да љуби и да мрази во ист миг,
да се смее и да плаче со истите очи,
со истите раце да фрла камење и да ги збира,
да љуби во војна и да војува во љубов.
И да мрази и да простува и да памети и да заборава,
да реди и да прередува, да јаде и да вари
сето тоа за што на историјата
ù требаат години и години да го стори.

Човек нема време.
Кога губи бара, кога наоѓа
заборава, кога заборава љуби, кога љуби
почнува да заборава.

И душата му е времешна, душата му е
мошне стручна.
Само телото засекогаш му останува
аматер. Се труди и губи,
се запушта, не научува ништо,
пијано и слепо во неговите ќефови
и болки.

Ќе умре тој како смоквата што умира на есен,
Папушлав и полн со себе и сладок,
на земја лисјето му расте суво,
гранките голи го покажуваат местото
каде што има време за сè.

Јехуда Амихај