Серија од соништата на кичевски Напредок

Идиличната есен за кичевски Напредок продолжи со вчерашниот триумф над екипата на Ренова од 2:0 , по што сино- белите во шесте домашни дуели остварија исто толку победи, и ова веќе наликува на фудбалска перфекција, каква што е својствена само на одбраните тимови.

Творците на овие резултати фудбалерите на Напредок и самите како да не веруваат што им се случува оваа есен.

-Оваа серија ги надмина и нашите најоптимистичи очекувања.Сите не ставаа во групата тимови кои ќе се борат за опстанок во лигата, а ние од коло во коло ја подигавме формата, од натпревар во натпревар делувавме се посамоуверено, и како резултат на таа хемија дојдоа и овие резултати.

Живееме како во сон и самите просто не веруваме што се случува со нас.Есенските резултати ја чинат атмосферата во клубот речиси идилична и сите очекуваме таа да продолжи до самиот крај.Овој клуб, овој град, и ние фудбалерите на Напредок ,заслужуваме целосен респект од сите спортски фанови во земјава-рече Горан Пашоски,брилијантниот чувар на мрежата на Напредок оваа есен.

Вечно насмеаниот Ристе Маркоски “македонскиот Хавиер Маскерано” ја игра сезоната на кариерата и неговите заслуги се немерливи во последните резултати на Напредок.

-На почетокот од сезоната ни сами не знаевме колку можеме, бидејќи дел од фудбалерите штотуку пристигнаа во нашиот клуб.Но сега веќе се уверивме дека нашите настапи и играчки капацитети ги надминуваат сите очекувања и да бидам искрен и на нас самите.Покажавме дека во нашиот фудбал за нас нема несовладлива препрека и како награда за вложениот труд, дојде и оваа позиција на табелата.Не сме инстант екипа и нашите добри игри ќе продолжат до крајот на сезоната ,кога Напредок слави јубилеј 85 години од своето постоење.Нашите добри игри и можеби првиот европски излез, ќе бидат најголема награда за овој голем голем јубилеј на клубот-потсети популарниот Рики.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk

Exit mobile version