ВИДЕО: Синот на Мит Ромни им се заблагодари на Македонците

Бен Ромни, син на гувернерот и кандидат за претседател на САД, Мит Ромни, во видео порака се заблагодари на поддршката од американските Македонци за неговиот татко. Гувернерот Ромни ја има поддршката на поголемиот дел на македонски иселеници кои се наклонети кон Републиканската партија уште од времето кога претседателот Џорџ Буш ја призна Македонија под уставно име и активно ја поддржуваше земјава за влез во НАТО. Претседателот Обама ја немаше таа карактеристика. Еве го видеото: