Трајковски се враќа да си осигури место кај Јаневски

Младиот напаѓач од редовите на белгиски Зулте Варегем првпат доби покана од новиот селектор

Покрај тројцата дебитанти во изборот на македонскиот фудбалски селектор Чедомир Јаневски за контролниот натпревар со Словенија на 14 ноември, во Скопје, домашните кандидати Дејан Блажевски и Мите Цикарски, како и интернационалецот Адис Јаховиќ, шанса за докажување пред новиот стратег добија и двајца повратници,  и Александар Тодровски. Двајцата интернационалци беа на располагање на последниот тест пред почетокот на квалификациите за СП-2014, во август со Литванија. Селекторската покана ја добиваат првпат.

– Повикот во најдобрата селекција многу ми значи. На претстојниот контролен натпревар очекувам да добијам солидна минутажа и се надевам на поволен резултат. Се надевам дека мојата игра ќе биде трајна препорака до селекторот Јаневски да ме повикува во А-селекцијата. Со интернационално искуство ќе придонесам Македонија да ги оствари најдобрите резултати во квалификациите – вели Александар Трајкоски, членот на белгискиот Зулте Варегем.

Изминативе денови во Белгија престојува и селекторот Јаневски, каде што му е семејството, па имал можност викендов на самото место да го види потенцијалот на младиот Трајковски (20 години).

Македонија под водство на Јаневски одигра четири квалификациски натпревари за СП-2014. Ја победи Србија (1-0), ремизира со Шкотска (1-1), а беше поразена двапати од Хрватска (0-1 и 1-2). Дуелот со Словенија е прва контрола на која Јаневски ќе може да испроба повеќе кандидати и комбинации во играта на „црвено-жолтите“.

Собирот за репрезентативците е закажан за в понеделник во Скопје, а натпреварот се игра в среда на „Филип Втори“ од 18 часот.

Зоран Антоски

Извор: Дневник